НИЕ СОРАБОТУВАМЕ СО ЕКСПЕРТИ И НАУЧНИ ИНСТИТУТИ ОД РАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ И ИНДУСТРИИ ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ КВАЛИТЕТНА И ЦЕЛОСНА УСЛУГА СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ НА КЛИЕНТОТ

ЗА НАС

Никодиновска Адвизори има тим на искусни и посветени професионалци од различни области кои работат на финансиски и банкарски трансакции, финансиско советување, советување за инвестиции, увоз и извоз, даноци, правно советување, правни мислења и правна длабинска анализа, анализа на закони и прописи, управни и граѓански постапки пред суд, министерства, општинска администрација и други државни органи, добивање на дозволи во различни сектори и индустрии и еколошки дозволи.

  • Јана Никодиновска

    Јана Никодиновска е Основач и Управител во Друштвото за советодавни услуги Никодиновска Адвизори. Никодиновска има долгогодишно искуство како правен советник со посебен фокус на корпоративното право и финансии. Работела на некои од најголемите и најкомплексните трансакции и инвестиции во Република Северна Македонија. Никодиновска беше Заменик Претседател за правни прашања и Корпоративен Секретар во Еуромакс Ресоурцес, канадска котирана компанија од областа на рударството која развиваше проект за рудник за бакар и злато во Северна Македонија со вредност од 470 милиони американски долари. Исто така како Раководител на правната служба во ТГС Технички Гасови Скопје, таа имплементираше прв проект за водородна постројка во земјата. Таа беше Помлад Партнер во правната фирма МЕНС ЛЕГИС.

    Никодиновска е специјализирана во областа на деловното право. Посетувала обуки и едукации на реномирани странски универзитети. Има специјализација за американско, меѓународно и транснационално бизнис право. Магистер за бизнис администрација на Сити Факултетот во Солун при Универзитетот Шефилд, исто така има посетувано обуки на Кралскиот Колеџ во Лондон, Чикаго-Кент Правен Факултет, Врије Универзитетот во Брисел и Академијата за дипломатија во Виена. Таа има големо искуство од областа на странските инвестиции. Со својата експертиза дала придонес за закружување на правната рамка и подобрување на правното опкружување за вложувања во Република Северна Македонија.

    Останати области во кои Никодиновска има искуство вклучуваат превземања и спојувања на компании, банкарство и финансии, корпоративно управување, договори и трговски трансакции, рударство, енергетика и инфраструктурни проекти, градење и недвижности, концесии, заштита на животна средина, правна длабинска анализа и правни мислења.

    Учествувала и на проекти финансирани од меѓународни организации и институционални инвеститори како што се ЕУ, ЕБОР, Институт Отворено Општество. Таа исто така има соработувано со меѓународни магазини како што е Водење Бизнис на Светска Банка и други.

    "Силно би ја препорачал Јана Никодиновска. Јана е искусна и лојална. Исто така има многу добро чувство за потребите на бизнисот и пружа целосна и соодветна правна подршка."
    Александар Чадиковски, Извршен Директор
    "Јана беше Корпоративен Секретар на нашата канадска компанија која котира на берзата во Торонто и беше задолжена за работите на Одборот на директори. Таа беше секогаш организирана, темелна и исполнителна во нејзините одговорности спрема директорите, што не беше секогаш лесно со оглед на тоа дека директорите од одборот беа на различни локации во САД, Канада, Обединето Кралство и Европа."
    Мартин Кониг, Извршен Претседавач, Еуромакс Ресоурсис