Нашето седиште е во Скопје, главниот град на Република Северна Македонија, а исто така соработуваме со канцеларии во Србија, Бугарија, Австрија, Германија и САД.

Услугите кои што ги нудиме вклучуваат деловно советување, менаџмент консалтинг, правно советување, финансиско советување и советување за инвестиции.

Специјализирани сме за деловно советување, банкарство и финансии, корпоративно управување, развој и управување на проекти, меѓутоа работиме и во традиционалните области на правото.

Во нашата канцеларија се служиме со македонски и англиски јазик. Исто така може да се опслужуваат клиенти и на други јазици преку овластени преведувачи.