Нашето седиште е во Скопје, главниот град на Северна Македонија.
Услугите кои што ги нудиме вклучуваат давање на правни мислења и изработка на правни длабински анализи, анализа на закони и прописи, добивање на дозволи од различни сектори и индустрии, правно советување, советување за финансиско и инвестициско право.
Специјализирани сме за деловно право, банкарство и финансии, корпоративно управување, развој и управување на проекти, меѓутоа работиме и во традиционалните области на правото.
Во нашата канцеларија се служиме со македонски и англиски јазик. Исто така може да се опслужуваат клиенти и на други јазици преку овластени преведувачи.