НИЕ СОРАБОТУВАМЕ СО ЕКСПЕРТИ ОД РАЗЛИЧНИ ИНДУСТРИИ ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ КВАЛИТЕТНА И ЦЕЛОСНА УСЛУГА СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ НА КЛИЕНТОТ

ЗА НАС

Ние разбираме дека глобалното деловно опкружување е сложено и нудиме нов квалитет на пазарот со нашето искуство на меѓународни проекти и мултидисциплинарен пристап. Предностите на нашиот тим произлегуваат од диверзифицираното искуство на нашите експерти од правниот, финансискиот и техничкиот советодавен тим, кои можат да одговорат на најсложени проекти и проектни задачи.

Областите на експертиза вклучуваат организациски развој, превземања и спојувања на компании, банкарство и финансии, финансиско структурирање, ЕУ финансирање, корпоративно управување, договори и трговски трансакции, концесии и тендери, управување со проекти, усогласеност со прописи, правно советување, и длабинска анализа.

Преку нашата мрежа, доведуваме експерти во природните ресурси, метали, енергетика, тешка индустрија, градење, недвижности, телекомуникации, земјоделие, храна, фармација, заштита на животна средина, осигурување, и други сектори.